Спасовски: Меѓу чесните гости имаше и вооружени, со наркотици, некои напаѓаа полицајци

Ноќните клубови се места за забава, но мора да бидат безбедни, а законот важи еднакво за сите. Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата, вели министерот за внатрешни работи во врска со синоќешната рација низ скопските дискотеки.

2555

Се бориме за правда и мир, а тоа значи и неселективна примена на законите и подеднаков пристап кон сите кои ги прекршуваат правилата.

Вчера беше спроведена заедничка акција на Министерството за внатрешни работи, Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд. Целта беше да се преземат мерки против оние кои на каков било начин ги прекршуваат законите и со своите постапки го загрозуваат јавниот ред и мир.

Меѓу чесните гости имаше и такви кои незаконски беа вооружени, кои поседуваа наркотични средства, кои нападнаа полицајци и кои одбија да постапат по полициска наредба.

Ноќните клубови се места за забава, но мора да бидат безбедни, а законот важи еднакво за сите.

Полицијата нема воопшто употребено сила, а акцијата е спроведена според прописите и правилата.

Ги повикувам граѓаните да пријават во МВР доколку се соочиле со несоодветно однесување на полицијата – веднаш ќе реагираме согласно процедурата.

Безбедноста на граѓаните е на прво место!

 

(статус на Фејсбук на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во врска со реакции за синоќешната полициска рација и приведување низ скопските дискотеки)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...