Спасовски: Концептот на помирување не може по дифолт да значи амнестија

394

Концептот на помирување, на национално обединување не може по дифолт да значи амнестија. Ние можеме да обезбедиме национално обединуваање, но во исто време мораме да обезбедиме и правда, рече министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски во неговото вечерашно гостување во Топ тема на ваша страна на ТВ Телма.

-Во овој историски момент кога сите сме сведоци дека поделбите беа генерирани од секаков можен аспект, можеме да констатираме дека ни е потребно едно такво помирување и национално обединување. Можеме да разговараме за поделби и спротивставувања на одредени прашања меѓу политички партии, но за стратешките цели потребно ни е обединување – рече Спасовски.

Тој рече дека тие планираат исклучиво процес на национално помирување и низ дебатата во Собранието да се кажат сите правци како тоа да се одвива, меѓутоа тоа не мора значи амнестија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...