Спасовски: И дадов шанса, но Мизрахи рече дека ќе плати казна ама не ја менува таблата, е затоа е разрешувањето

1922

Разговарав со Мизрахи, и дадов шанса. Рече дека ќе демантира дека лошо била разбрана. Но потоа даде демант во кој рече дека ќе плати 5.000 евра казна ама нема да ја смени таблата. Е затоа е предлогот за нејзино разрешување, рече премиерот Оливер Спасовски на седницата за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи.

Тој повтори дека разрешувањето не е ниту оти таа е жена, Еврејка и дека верува во една, друга или трета вера. Според Спасовски, Мизрахи е предложена на местото министер за труд од политичка партија, а не од етничка заедница

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...