Спасовски: Има несовесни граѓани, се враќаат од Северна Италија и се појавуваат на работа

1706

Има случаи на граѓани кои биле надвор, во северна Италија, а доаѓаат во земјава и поминуваат на граничен премин, без да почитуваат никаква препорака за заштита од коронавирусот и се појавуваат на работните места! На совеста на граѓаните е тоа, а порака до нив дека најважен момент е самосвеста и што треба во овој момент да направиме за државата, бидејќи многу сме силни кога нешто за нас државата треба да направи – изјави денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски за време на посетата на вработените на граничниот премин Табановце.

Тој одговори дека има околу 250 патници од Италија од ризичните зони кои со автобус пристигнуваат во земјата на преминот Табановце, а 70 патници влегле со свои возила.

– Сите се под меѓународна контрола и во консултација од епидемиолозите кои 24 часа  работат на овој премин, а досега немало случаи некој да се изолира или тестира. Сите  процедури се спроведуваат, на влезот во државата ги прашуваат од каде патуваат,  каде биле, имаат ли симптоми на грип и друго, има низа мерки и така постапуваат службениците на Табановце. Апелот до граѓаните е да се придржуваат до мерките – нагласи Спасовски.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...