Имате гугл и пребарајте што значи зборот скандал, па ќе научите. Не е скандал ако пишувате пекршочни пријави во Крива Паланка, тоа е работа на полицијата, рече министерот за внатрешни раборти Оливер Спасовски на забелешка на опозициската пратеничка Слаѓана Митовска. дека најмогу сообраќајни казни се напишани во таа општина, на седницата за интерпелација на Спасовски.
На ова пратениците на ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека министерот е арогантен.
Спасовски на опозициските пратеници им рече дека нема намера да поднесе оставка туку ги повика ако имаат гласови да го разрешат.