Спасовски за порнографската група за малолетници: Веднаш да се пријавуваат вакви случаи

618

Треба да делуваме превентивно, а не само репресивно, порача техничкиот премиер Оливер Спасовски,  за групата на инернет преку која се разменувале порнографски содржини и кај малолетни девојчиња, а која ги вознемири родителите.

– Кога зборувам превентивно, мислам сите заедно тоа да го направиме уште пред да се случи одреден настан, а не само кога ќе се случи. Тоа важи и за родителите, кои треба да знаат како децата да ги заштитат од социјалните мрежи, но и за образовните институции, тие доколку дознаат, веднаш да пријавуваат вакви случаи. Бидејќи, досега често се случувало во образовните институции да се знае за вакви појави, а да не се пријавува, па ние за тоа дознаваме од медиумите. Сите заедно да се бориме, и родителите, и семејствата и институциите – рече Спасовски и најави дека МВР и Министерството за труд и социјална политика ќе ги преземе сите мерки.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...