Големите празнични денови, како што се Бадник и Раѓањето Христово Божиќ се голема духовна сила за секој човек, да ги види одново вредностите што носат благослов, како што се чесноста, љубовта, грижата едни за други и да го прилагоди своето дејствување во заедницата, во името на тие вредности, напиша во честитката премиерот Оливер Спасовски ипатена до граѓаните и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
„Христос оставил вечен светилник на човештвото, дека само заедничката радост е радост, и само заедничката среќа е среќа, како и дека никогаш и поради ништо човекот не треба да се откаже од големото добро, дури напротив, истакнува Спасовски, треба да го понесе на себе како чест и да одговори достоинствено на оваа света човекова обврска“ пишуваво честитката.
Спасовски во честитката посакува>
„Да го продолжиме патот кон мир и спокој, кон сигурност и благосостојба, продолжувајќи да ги негуваме единството, почитувањето, пријателствата, чистата и искрена љубов. Христос се роди!.
Честитка по повод празникот упатија и лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.
„Низ сплотеност и хармонија, како што упатуваат христијанските вредности, кои се и универзални вредности, да продолжиме уште пофокусирано по патот по којшто придонесуваме кон достоинствено општество на спокојни и среќни луѓе“, стои во честитката од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски напиша дека христијанството не учи на надеж, надеж за подобро утре кое со посветеност и работа можеме заеднички да го изградиме за нас и иднините поколенија.
„Македонија е пред големи предизвици, но верувам во мојот народ дека ќе донесе одлуки кои ќе значат сигурност, правда и обнова. Да ставиме крај на поразите, доаѓа времето на чесни и принципиелни луѓе кои ќе работат во интерес на народот. Ќе ставиме крај на тонењето и неправдите. Македонија има луѓе за нови победи и успеси, а нивната шанса доаѓа допрва“, напиша во честиката Мицкоски.