Спасовски до ИВЗ: Подготвени сме за дијалог, но не прифаќаме уцени

ИВЗ вчера упати писмо до Владата во кое укажува на „бавна, селективна и дискриминаторска денационализација на вакуфскиот имот на штета на ИВЗ".

892

Писмото на Исламската верска заедница (ИВЗ) е уцена. Владата е подготвена на дијалог, но не прифаќаат уцени, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Во случајов се работи за едно писимо на ИВЗ кое е сериозна уцена. Повикувам на сериозен пристап. Оваа Влада на чело со Зоран Заев покажа дека има сериознен капацитет за дијалог и разговор, во тој дух да разговараме со секого, но никако нема да дозволиме уцени од било кого – изјави Спасовски.

ИВЗ вчера упати писмо до Владата во кое укажува на „бавна, селективна и дискриминаторска денационализација на вакуфскиот имот на штета на ИВЗ”. Во писмото се наведуваат и забелешки на сметка на институциите „кои ја попречуваат во нејзината грижа и секојдневна активност за одржување на верските објекти”.

ИВЗ ѝ даде рок од 10 дена на Владата за да најде решение за проблемите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...