Спасовски: Да се истражат и да се санкционираат нападите врз новинари (ВИДЕО)

164

Земјата се наоѓа во исклучително важен период. Високата европски обоена култура е една од вредностите кон кои се стремиме и за кои и оваа влада треба да обезбеди континуитет, изјави премиерот Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека е потребна сеопфатна акција за сузбивање на говорот на омраза.

-Ние имаме традиција на толеранција и прифаќање на различностите. Да продолжиме  во тој дух и да организираме вропски избори, кои доликуваат на една демократска земја која се стреми кон ЕУ. Медиумите се израз на демокфратијата. Институциите се должни да го истражат секој напад врз новинари и да го санкционираат – изјави Спасовски.

Тој рече дека во овој предизборен период е многу битно институциите да продолжат функционираат непречено во функција на стабилноста на земјата. На прашање дали го има истото обезбедување, Спасовски рече дека обезбедувањето е зголемено поради тоа што премина од  министерската функција во внатрешни работи на премиерското место. Сепак, додаде, тоа се луѓе што тој ги избрал.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...