Министерот за внатрешни Оливер Спасовски нема ниту да ја купи, ниту да ја прочита книгата на експремиерот Никола Груевски. Тој во интервју за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 порача дека Груевски нема што да понуди.
– Што има ново да понуди тој? Подобро да напишеше книга како се крадеа парите од граѓаните, како се заплашуваа медиумите, како со крадење неговата партија стана најбогата во регионот – изјави Спасовски.