Спасовски: Граничните премини беа известени Груевски да не поминува ни со лична карта

802

Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека сите гранични премини биле известени дека осудениот поранешен премиер, Никола Груевски не смее да ја минува границата, ниту со лична карта.

„Од 2017 година од јули месец по одземање на патните исправи врз основа на судската одлука, за поранешниот премиер, направен е распис до сите гранични премини, а направен е и распис и дека Никола Груевски не може да ја напушти Република Македонија ниту со лична карта”, изјави денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски дополни дека како МВР ќе биде подготвено за преземање на одредени дејствија во смисла на кривично правната постапка, така јавноста ќе биде информирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...