Спасовски: Во Велес криминалитетот намален за девет проценти

99

 Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека на подрачјето на СВР Велес криминалитетот е намален за девет проценти, како и дека е зголемена ефикасноста неговото откривање. Тоа, како што посочи, се гледа и во ова второ полугодие од 2019 година, каде се бележат добри резултати во делот на откривање на криминалитето.

– Разговарав со началниците и раководителите во СВР Велес како сето тоа да го подобриме. Знаете дека за безбедноста не е одговорна само МВР, туку сите институции заедно и затоа разговаравме како да соработуваме повеќе со нив и да ги мотивираме и нив да превземааат одредени активности во нивните надлежности, а со цел заедно да помогнеме во намалување на криминалитетот – потенцира министерот при денешната посета на СВР Велес.

Тој додаде дека има и значително намалување на бројот на прекршоци.

– Тоа е тенденцијата на МВР да се намалат криминалитетот на територијата на целата држава и да се зголеми откривачката дејност, а тоа мораме да го правиме и преку мотивација на полициските службеници, за да имаме подобри резултати – потенцира Спасовски.

Министерот Спасовски нагласи дека втор сегмент за поголема безбедност се и медиумите, кои, како што рече, исто така треба да помогнат во  битката против криминалитетот. Трет сегмент, спшоред него, се самите граѓани, односно дека е потребно создавање на партнерски однос на граѓаните со македонската полиција.

Во однос на откривачката дејност, а поврзано со многу нерешени убиства во Велес, велешко и пошироко, министерот посочи дека во изминатите 28 години, особено преку МВР,  имало многу случаи во кои многу луѓе неправедно биле обвинувани и им биле поднесувани обвиненија, како и оти имало и нерешени случаи.

– Затоа и јас како министер и раковоството на МВР сакаме да работиме само врз основ на факти, аргументи,  на докази, се со цел да ги штитиме основните слободи и права на граѓанинот. Притоа да имаме ефикасни истраги за постапките што ние ќе ги водиме за секој од случаите. Ова е само еден пример кој вие новинарте го посочивте, а во кој се правеле одредени работи веројатно само МВР  да покаже дека има ефикасност и дека нешто е откриено, а тоа е многу лошо. Јас не практикувам да излегувам за било кој настан што ќе се случи во Македонија, а и колегите кои работат само да соопштат дека нешто завршиле со истрагата и знаат се што се случило. Ние само преку квалитетна истрага можеме да дојдеме до вистината, а  само тогаш ќе бидеме сигурни дека имаме и правда,а тоа е и целта да се бориме и за вистината и за правдата – потенцира Спасовски.

Тој појасни и дека Комитетот што работи во рамките на Владата за одредени случаи за кои, како што рече, е несомнено дека имаат политички заднини и местенки… веќе се работи и оти наскоро ќе има и конкретни резултати за одредени случаи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...