Спасителот на Зијадин Села од 27 април, Алими, излезе од притвор

За тој да излезе од притвор, прво неговото семејство како гаранција ја понуди семејната куќа во село Оризари во Општина Липково. Откако судот ја одби ваквата кауција, Зијадин Села ја дополни гаранцијата со неговата куќа и нива во село Ливада.

1092

Абулфета Алими кој на „крвавиот четврток“ беше во Собранието како дел од обезбедувањето, излезе од притвор. Тој се наоѓаше во затворот во Шуто Оризари како еден од 30-те обвинети за случајот поврзан со упадот во законодавниот дом на 27 април лани.

Од друга страна, тој е човек кој во јавноста е познат како „спасителот на Зијадин Села“.  На 27 април, Алими го евакуирал лидерот на Алијансата на Албанците од приземјето до канцеларија на третиот кат (откако претходно Села беше претепан во прес-центарот), а потоа учествувал и во неговото изнесување од Собранието до полициското возило со кое Села бил пренесен во болница.

Според информациите кои излегоа во јавноста тој се најде во обвинението за „крвавиот четврток“ бидејќи од него биле земени клучевите за да се отворат вратите во Собранието.

За тој да излезе од притвор, прво неговото семејство како гаранција ја понуди семејната куќа во село Оризари во Општина Липково. Откако судот ја одби ваквата кауција, Зијадин Села ја дополни гаранцијата со неговата куќа и нива во село Ливада.

По Села и неговиот сопартиец Кренар Лога се приклучи во понудената кауција со неговата куќа во Струга со што била достигната потребната сума.

Пред дваесетина дена, советот во Кривичниот суд ја одби дополнетата гаранција, по што адвокатите на Алими поднесоа жалба до Апелација. Второстепениот суд ја прифатил жалбата односно гаранцијата која го исполнува условот да биде во вредност од 320.000 евра и вчера попладне Алими излезе од притвор.

Инаку, Алими беше еден од сведоците во случајот за обидот за убиство на Зијадин Села. Какво беше неговото сведочење можете да прочитате ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...