Шведската тинејџерка Грета Тунберг, активистка за заштита на климата, порача да се спаси светот како што беше ветено дека ќе се обнови катедралата Нотр Дам по пожарот, пренесува „Ројтерс“.
– Целиот свет се соочи со тага и очај поради огнот во Нотр Дам, но таа ќе биде обновена – изјави Тунберг во Европскиот парламент во Стразбур.
Таа рече оти сака да се паничи.
– Сакам да дејствувате како куќата да ви гори. Политичари ми имаат речено дека паничењето не е добро. Се согласувам, но кога куќата ви гори, а вие сакате да ја заштитите, подобро е да паничете малку. Ако куќата ви се урива, нема повеќе да летате низ светот во бизнис класа. Па, нашата куќа се урива, а ништо не се прави – додала таа.
ФОТО: EPA / FOCKE STRANGMANN