Спасени петмината македонски скијачи кои паднале во провалија на Пирин

671

Петмина македонски државјани, скијачи и сноубордери кои скијале на необезбедени патеки на Пирин, Бугарија, вечерва околу 21 часот се безбедно извлечени. Сите петмина се живи и здрави, пренесуваат бугарските медиуми.

Тие попладнево паднале во провалија, а операцијата за спасување се одвивала од страна на Дамјанишка долина,

Сигналот за помош пристигнал до Планинската спасувачка служба во Банско. Околу 18 часот вечерва 12 спасители започнаа акцијата за спасување на луѓето во планината.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...