Лучијано Спалети од денеска не е шеф на стручниот штаб на калчолигашот Интер. Клубот од Милано денеска и официјално соопшти за крај на соработката со досегашниот тренер.
Отказот за 60-годишниот Спалети беше очекуван и покрај обезбедениот пласман во Лигата на шампионите. Сепак, амбициите на раководството на Интер беа поголеми од 4.место во Серија А.
Наследник на Спалети на клупата на Интер ќе биде Антонито Конте. неговата официјална промоција се очекува да биде во скоро време.
Се шпекулира дека Конте и Интер ќе потпишат тригодишен договор, а платата на италијанскиот стручњак ќе биде 12 милиони евра.
ФОТО: EPA / ROBERTO BREGANI