Со 50 милиони евра француските пристаништа и аеродроми да се справат со „тврдиот Брегзит“

119

Францускиот премиер Едуар Филип соопшти дека Франција покренала план за „непредвидливи ситуации“, поради стравувањето дека е можен „тврд Брегзит“, односно истапување на Велика Британија од ЕУ без договор.

Ваквата француска одлука следи откако британскиот Парламент во вторникот го отфрли постигнатиот Договор за Брегзит, што ги зголеми стравувњата за британско напуштање на Унијата без утвредени правила за идните односи меѓу Велика Британија и ЕУ.

Филип нагласи дека планот предвидува издвојување на 50 милиони евра од буџетот наменети за инвестиции што би им помогнале на француските пристаништа и аеродроми да се справат со „тврдиот Брегзит“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...