Со 3.200 потписи за референдум против депонија во Неготино

60

Почна собирањето 3.200 потписи за референдум против депонија во Неготино. Сашко Тодоров, претседател на Здружението на граѓани „Ековита”, кое ја покрена иницијативата за распишување на референдум до Државната изборна комисија, потсети дека според закон, прво биле собрани сто потписи во подрачната канцеларија на ДИК и потоа соодветната документација била дадена до Советот на општината.

– Вчера го подигнав решението потпишано од претседателот на Советот, дека се е во ред и дека документацијата е уредна. Од денеска па во наредните 30 дена, треба да се соберат 3.200 потписи. Ако се соберат, а јас се надевам дека ќе се соберат, ќе се оди на референдум за најавената депонија, рече тој.

Тодоров, кој е биолошки инжењер, повтори дека неготинци се плашат за здравјето и животната околина, иако на јавна расправа по ова прашање беше соопштено дека депонијата за инертен индустриски неопасен отпад би била контролирана, безбедна и транспарентна.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...