Со 12 милиони евра УЕФА го казнува Милан

159

УЕФА го казни Милан со 12 милиони евра за кршење на правилата за финансиски фер-плеј.

Казната беше објавена еден ден по елиминацијата на Милан од групите на Лигата на Европа. Дванаесет милиони евра ќе бидат одземени од паричната награда на Милан од наградниот фонд на турнирот.

Италијанскиот клуб нема право да пријави повеќе од 21 играчи за Европа во следните две сезони и се заканува и со вадење од евротурнирите за една сезона, ако не воспостави ред во финансиското работење до јуни 2021 година.

Санкцијата е поради потрошените огромни средства за нови играчи и плати во 2017 година, кои не одговараат на приходите на клубот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...