Премиерот Зоран Заев е на пат кон Скопје, со џип што му го испратил бугарскиот премиер Бојко Борисов, пренесува вечерва Независен.
Членовите на македонската делегација се враќаат во земјава со три џипа и со придружба што им ја испратил Борисов, бидејќи, поради снежното невреме, лоши се и условите на патот од Софија до Скопје.
Поради лошите услови и на скопскиот аеродром, премиерот Заев и членовите на македонската делегација кои се враќаат од форумот од Давос, вечерва слетаа на софискиот аеродром.
Заев го очекуваат и на вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ, кој почна да заседава, а на кој се очекува да биде донесена одлука дали заедно со претседателските, во земјата ќе се одржат и парламентарни избори.