Бијонсе и Џеј Зи им даваат на своите обожаватели шанса да добијат доживотни бесплатни карти за нивните концерти во замена за едномесечно јадење на веганска исхрана.
Пејачката објави конкурс на својот профил на Инстаграм, каде во моментот има 123 милиони следбеници, во знак на поддршка на проектот „Гринпринт“ (Greenprint), кој ги охрабрува луѓето да го намалат своето негативно влијание на животната средина така што ќе ја усвојат исхраната која се темели на производи од растително потекло.
Бијонсе ветила дека ќе јаде појадок врз растителна база како и дека во понеделник нема да јаде мео, додека Џеј Зи ветил дека ќе консумира два оброци двневно засновани на растителна исхрана.
Тој проект е замисла на личниот тренер на Бијонсе, Марко Боргес, кој на крајот на годината ја објави книгата „Гринпринт“ во која ја објаснува својата растителна исхрана и планот на вежбање.
Џеј Зи и Бијонсе дури и го напишале предговорот за таа книга.
Според правилата на натпреварот, еден обожавател ќе добие две карти за официјалната концертна турнеја на Бијонсе и/или Џеј Зи за идните 30 години.
Студијата во магазинот „Сајенс“ објавена во јуни лани заклучила дека избегнувањето на месото и млечните производи би го овозможиле намалувањето на влијанието врз животната средина.