Со фалсификувани 100 евра купил штеки цигари и си заминал со кусурот

Полицијата соопшти дека човекот купил две штеки цигари кои чинеле 1.800 денари и си го зело кусурот од 4.300 денари. подоцна е утврдено дека банкнотата е фалсификат

939

Непознато лице пред два дена со 100 фалсификувани евра пазарело во продавница во село Ранковци.

Полицијата соопшти дека човекот купил две штеки цигари кои чинеле 1.800 денари и си го зело кусурот од 4.300 денари. Подоцна е утврдено дека банкнотата е фалсификат.

Случајот во полиција е пријавен вчера од страна на 36-годишниот Д.В. од Крива Паланка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...