Со УБК почна ветингот во МВР

Судството и обинителството, меѓу другите, нагласи Спасовски, треба да имаат интерес за ветинг, со цел да се јакне професионалноста и интегритетот на градење систем што ќе функционира во заштита на државата и на граѓаните и нема да зависи ниту од политиката, ниту од политичарите, туку систем што ќе ја штити правната држава и ќе создава можности за равој.

1253

Сите вработени во МВР ќе бидат опфатени со процесот „ветинг“. Ќе се проверуваaт нивнoтo стручно образование, интегритет, имотната состојба и евентуални криминални активности од одредени структури во МВР, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пред почетокот на денешната трибина на тема „ветинг“, по промоцијата на списанието „Безбедност“ во Домот на АРМ во Скопје.

Судството и обинителството, меѓу другите, нагласи Спасовски, треба да имаат интерес за ветинг, со цел да се јакне професионалноста и интегритетот на градење систем што ќе функционира во заштита на државата и на граѓаните и нема да зависи ниту од политиката, ниту од политичарите, туку систем што ќе ја штити правната држава и ќе создава можности за равој.

Одговарајќи на новинарско прашање дали е запознат со постоење двојни агенти вработени во МВР, Спасовски одговори дека веќе е почнат процесот на ветинг во Управата за безбедност и контраразузнавање.

– Сакам тоа да го утврдат комисиите. Не е добро претходно да шпекулираме за да бидеме атрактивни во медиумите, туку да се утврди и да се донесат вистинските одлуки – изјави министерот за внатрешни работи.

На прашање што се презема во однос на полициските службеници кои се побогати и од одредени бизнисмени, министерот Спасовски повтори дека се покренати многу постапки кои се однесуваат на фалсификувани дипломи.

– Постојат и многу луѓе кои имаат поголем имот од повеќе бизнисмени кои долги години се занимаваат со бизнис. Токму заради тоа ветинг процесот бара да ги утврди овие факти – изјави меѓу другото министерот Спасовски.

Во однос на препораките од ГРЕКО кои во најголем број се однесуваа на МВР, Спасовски нагласи дека пред две недели во рамки на МВР е формирана работна група која ќе работи на препораките.

Според професорот Никола Дујовски, припадниците на МВР пред се треба да имаат професионален пристап кон работата, а тоа подразбира бескрајно чист процес на селекција, на луѓе кои ќе бидат подготвени обуката врз европски стандарди  за да можат после тоа да се градат во МВР.

– Полицискиот службеник мора да има интегритет, а тоа подразбира отпорност на какви било влијанија што не се предвидени во законите. Мора да има логичен редослед во кариерата и еднаш засекогаш треба да разбереме дека секој полициски службеник односно оној што се одлучил да и служи на државата мора да биде посветен до крај и не би требало да има 20 фирми што му носат промет колку една полициска плата за цело МВР, изјави Дујовски. Додаде дека ветинг процесот треба да продолжи во јавното обвинителство и судството, но искуствата од  странските земји се многу мали, затоа што, потенцира, во Холандија, Белгија, Франција немало такво загрозување на безбедносниот систем преку класична партизација или непрофесионалноста.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...