Свечено пуштање во употреба на автопатот Демир Капија-Смоквица беше пропратено и со трубачи, чочек и лепење на пари. Видеа од настанот беа објавени на социјалните мрежи и предизвикаа негативни реакции и коментари.
Денеска грчката компанија „Актор“ која ја градеше автопатската делница од Демир Капија до Смоквица ја разјасни ситуацијата со соопштението во кое вели дека токму таа ги ангажирала трувачите.
„Се извинуваме ако ова беше погрешно разбрано“, стои појанувањето на компанијата.