Со трубачи и ора полуматурантите се простуваат со основното училиште ГАЛЕРИЈА

1070

Денеска е последниот училишен ден за сите ученици во основните и средните училишта, освен за матурантите кои завршија пред дваесетина дена.

Овој последен училишен ден е поразличен од претходните за полуматурантите кои се простуваат од основното училиште, па од септември ќе го започнат нивното средно образование.

Дел од полуматурантите решија со основното училиште да се збогуваат со трупачи и ора во школскиот двор, а меѓу нив се и учениците во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“.

Инаку, вкупно летниот распуст денеска почнува за околу 270 000 средношколци и основци. На настава повторно ќе се вратат на 3 септември 2018 (понеделник), за почетокот на новата учебна 2018/2019 година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...