Две лица биле во возилото во кое ноќеска биле испукани триесетина куршуми од друго возило без регистарски таблички во Ченто. Едното лице е во болница и е надвор од животна опасност, а второто било пуштено на домашно лекување. Се претпоставува дека се работи за крвна одмазда.
Македонската полиција се сомнева дека станува збор за одмазда.Инцидентот се случил на улицата „Алија Авдовиќ”, каде што целта било возило „Мерцедес Бенц”.
Се очекува Министерството за внатрешни работи да даде детали за овој случај.