Со торта од 100 килограми хотел „Мериот“се приклучи на иницијативата „Сите сити“

3543

Со цел поддршка на иницијативата „Сите сити“, хотел „Мериот“ – Скопје ќе подготви торта од 100 килограми, што ќе биде понудена на првата хуманитарна „Праскијада“.

На хуманитарната „Праскијада“, што ќе се одржи на 31 август во Градски парк, на присутните граѓани ќе им бидат понудени слатки специјалитети од праски, а со собраните средства ќе бидат обезбедени оброци за социјално загрозените граѓани.

Целта на платформата „Сите сити“ е да се соберат средства за 20.000 оброци.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...