Во Србија уапсени се 48-годишната Александра Р. и нејзиниот 51-годишен пријател Младен Ѓ. поради сомнеж дека од крајот на март уценувале бизнисмен, со кој осомничената била во врска. Барале пари со закана дека снимки од тоа како Александра и тој имаат секс од периодот кога се гледале, ќе им ги достават на семејството на овој човек од Белград.
– Оштетениот најпрво се согласил да им плаќа 150 евра месечно, а потоа им дал уште 4.000 евра за да престанат да го уценуваат. Постојат сомнежи дека тие продолжиле со уцената и барале дополнителни 15.000 евра за да ги уништат снимките – соопштила полицијата.
Александра наводно до пред неколку месеци била во врска со жртвата. Се верува дека тој ѝ помагал финансиски, а кога раскинале, таа не сакала да се помири со тоа дека веќе не се заедно и оти тој нема да ја финансира.
– Му праќале пораки преку Вибер. Тој некое време прифатил да им плаќа, плашејќи се да не го посрамоти семејството. Бидејќи не престанале да му се закануваат со снимките, ги пријавил во полиција. Договорил состанок со нив во кафуле во трговски центар во Белград и полицијата им ставила лисици додека ги земале парите – вели извор за „Курир.рс“.
Александеа и Младен, како што медиумот дознава, признале дека го уценувале човекот.
– Таа призна дека барале пари од поранешниот љубовник, но се обиде да се оправда тврдејќи дека и тој нејзе ѝ го упропастил животот – додал изворот.
Александра и Младен биле пуштени да се бранат од слобода.
Слични случаи
Триесет и деветгодишната Анабела Шчекиќ, позната како Тигрица, поранешна учесничка на реалното шоу „Малдиви“, заедно со уште двајца нејзини пријатели биле уапсени во февруари минатата година поради сомнеж дека со порно-снимки уценувале бизнисмен и барале 20.000 евра.
Трите жени од Нови Сад биле уапсени во 2016 година откако од оженет бизнисмен од Белград успеале да земат 30.000 евра за негово видео кое го направил со една од осомничените.