Во 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булеварот „Македонско-Косовска бригада“ додека Х.С. (41) одела кон своето возило, кое било паркирано пред нејзиниот дом, соседот Д.Т.(56) излегол надвор со секира во рака, се приближил до неа и и упатувал навреди и закани.
Х.С. влегла во дворот, а истиот ја оставил секирата и зел камења и почнал да ги фрла кон неа. Д.Т. е приведен во Полициската станица Бит Пазар и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.