Со проектот „Исправи се“ ќе се откриваат деформитетите на ’рбетот кај првачињата

86

Општина Центар се грижи за своите најмлади жители и за нивниот здрав раст и развој. Затоа втора година по ред го спроведува проектот “Исправи се“ во соработка со ординацијата за физикална медицина и рехабилитација “Твое Здравје“, соопшти Општината.

Искривувањето на ’рбетниот столб како сколиоза, лордоза, кифоза, неправилно држење на телото и деформитетите на долните екстремитети и на стапалата, се потенцијална опасност за децата од основните училишта.

Во насока на превенција и рано откривање на овие деформитети, направени се дијагностички превентивни прегледи на ’рбетниот столб и на долните екстремитети на 536 ученици од прво одделение од седумте основните училишта на општина Центар. Прегледите од стручни лекарски тимови ќе помогнат во навремено дијагностицирање на било какви деформитети на ’рбетниот столб, како и препораки за понатамошно дејствување.

Секој родител ќе добие извештај за наодите за своето дете за да се дејствува за корегирање и отстранување на евентуалните деформитети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...