Додека другите теретани и фитнес центри се фокусираат на тешка работа за да видат резултати, нашиот модел базиран на страв гарантира дека дури и најмрзеливите ќе имаат комплетно кардио пред да излезе сонцето. Само кажете ни од што имате страв, а ние ќе се погрижиме за останатато.
Вака вели Мајк Френклин, човекот кој е виновен за постоењето на „Scared Shitless Fitness“.
– Добив инспирација од мојот очув, кој ме бркаше низ куќата со нож. Мојот терапевт ми рече дека имам трауми, но моето тело беше во ред. Ние можеме да го оживееме секој кошмар. Стравови од детството, бездомници, полициска бруталност, ако ве плаши, ние ќе го претвориме во вежбање – тврди Френклин.