Пејачката Натали Имбрулиjа се пофали на Инстаграм со среќната вест за договорот за новиот албум, но и дека во 45. година од животот првпат ќе стане мајка.
„Многу сум среќна што можам да потврдам дека штотуку потпишав договор за албум со Би-ем-џи! Колку одличен тим! Последната година и пол многу пишував и нестрплива сум кога конечно ќе можам да ги споделам новите песни со сите вас! А, како што можете да видите на фотографијата, имам уште една вест… Не, не сум голтнала лубеница. Го чекам своето прво бебе кое ќе се роди оваа есен.
Сите оние што ме знаат, знаат и дека тоа го посакував многу долго. Се чувствувам благословено што тоа воопшто е и возможно со помош на вештачкото оплодување и донорот на сперма. Повеќе од тоа нема да откријам јавно. Многу сум возбудена поради оваа нова авантура – пристигнува мојот нов албум и ќе станам мајка“, напишала Имбрулија, која се прослави со хитот „Thorn“, очигледно посреќна од кога и да е.
Пејачката во минатото немаше среќа во љубовта.Таа беше во долгогодишна врска со ѕвездата на серијата „Пријатели“, Дејвид Швимер кон крајот на 90-тите, а во 2003 година се омажи за музичарот Даниел Џонс.
Двојката одлучи да се разведе во 2008 година, по пет години брак, наведувајќи дека нивната врска не успеала.