Со полиција, дел од мигрантите од сообраќајката излегуваат од болница

162

Шестмина мигранти кои беа поврдени во сообраќјна несреќа кај радовишки Бучим денеска поради добрата здравствена состојба ќе ја напуштата штипската Клиничка болница, во придружба на полицијата, информира на денешната прес-конференција директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев. Останатите шест пациенти, кои имаат посериозни повреди, како што се скршеници на карлица, екстремитети ќе бидат задржани на болничко лекување.

– Според она што е договорено болничкото лекување на пациентите, кои се странски државјани од Бангладеш и Шри Ланка ќе го покрие Меѓународниот центар за миграции – вели Ѓеорѓијев.

Тој истакна дека вчера попладнето со помош на толкувач, кој го знае нивнот мајчин јазик утврден е идентитот на повредените мигранти. Ѓеорѓијев забележа дека ги следат и препораките од Центарот за јавно здравје во делот на хигиената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...