Со поздрав на сонцето ќе почне интернационалниот ден на јогата на скопскиот плоштад

На 22.јуни со почеток во 8 часот со утрински поздрав на Сонцето на Плоштад Македонија и со здрав појадок ќе отпочне одбележувањето на Меѓународниот ден на јогата

383

Меѓународниот ден на јогата – 22.јуни (сабота), традиционално, во организација на здружението Уметност на живеење – Македонија, а поддржан од повеќе јога школи, друштва и поединци, се одбележува и кај нас.

Годинава, настанот почнува во 8 часот на скопскиот плоштад со утрински поздрав на Сонцето, а продолжува со здрав појадок, од кадешто потоа се сели на старото место, во Сити Хол.

Таму ќе биде и официјалнто отворање на Интернационалниот ден на јогата од
страна на амбасадорката на Индија, Нејзината Екселенција г-ѓа Пуџа Капур, во
присуство на членови од дипломатскиот кор од други амбасади, видни
личности и медиуми.

Меѓудругото, во рамки на настанот во Сити Хол ќе настапи во живо и групата Ката Кали од Јужна Индија. Настанот ќе се затвори со групна медитација во 17 часот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...