Со пари од германската амбасада ќе се реновира Центарот за жени „Надеж“

И од Кризниот центар „Надеж” изразија задоволство што ќе имаат можност да добијат целосно нова опрема за не пречено да си ја вршат функцијата.

107

Германската амбасада, општина Гази Баба и Кризниот центар за семејно насилство „Надеж” потпишаа договор за соработка, соопшти Општината.

– Со овој договор се поддржува работата на центарот за жени, кој се наоѓа во Автокоманда. Ќе биде набавена нова опрема за нивните потреби, бидејќи веќе постоечката била уништена од поплави кои постојано го зафаќале овој кризен центар. Ќе бидат поставени и нови врати на просториите. Трошоците ќе бидат покриени од страна на Германската амбасада.

Амбасадорот Томас Герберих изрази задоволство што ќе може да помогне во подобрувањето на условите на единствениот центар за жени во цела Македонија и посочи дека и во иднина ќе ги поддржува проектите кои се однесуваат на заштитата од семејно насилство.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски му се заблагодари на Герберих што препознал каде е потребно да се помогне, особено за центар кој се занимава со проблемите на една од најранливите категории на луѓе во земјава. Георгиевски посочи дека за да се намали бројот на жртви на семејно насилство потребно е сите релевантни институции да се вклучат и заеднички да делуваат. Тој најави дека општина Гази Баба во наредниот период ќе понуди земјиште за изградба на “сигурна куќа”, која ќе води целосна грижа за жртвите од семејно насилство.

И од Кризниот центар „Надеж” изразија задоволство што ќе имаат можност да добијат целосно нова опрема за не пречено да си ја вршат функцијата. Посочија дека според резултатите со кои располагаат, има подобрување во законот кој ја третира оваа област, но сепак дека на терен жртвите се уште се плашат да пријават дека се малтретирани, бидејќи немаат доверба во системот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...