Со палета повредено 25-годишно момче во фабрика во Виница

336

Дваесет и петгодишно момче е повредено вчера на работно место во фабрика во Виница.

Несреќата се случила кога неговиот колега Р.С. (45) управивајќи вилушкар, со палета го удрил 25-годишниот Ј.Х, кој е пренесен во Општата болница во Кочани.

Случајот е пријавен вчера во 18:10 часот во полициската станица во Виница.

Увид на местото на насреќата извршила екипа од полициската станица Виница и трудов инспектор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...