Оптичка илузија што открива дали сте под стрес е слика составена од мрежа шестаголници и виолетова позадина. Се претпоставува дека автор на овој начин на мерење на стресот е јапонскиот психијатар Јамамото Хашима.
Ако и на прв поглед не гледате никакво бранување, вие сте сосем смирена личност.
Ако додека ја гледате сликава, таа одредено време мрда и се бранува, тогаш вие сте под стрес. Доколку пак, бранувањето не прекинува, вие сте под голем стрес.