Со нож го пробола мажот во стомак

535

Жена со нож го пробола во стомакот својот сопруг, вчера околу 22 часот во селото Милино, Штипско, соопшти МВР.

Повредениот А.А. (48) пријавил во полиција дека со нож бил прободен во пределот на стомакот од страна на неговата сопруга Е.А..

Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Велес каде му била извршена хируршка интервенција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...