Со нов закон ќе се гарантира завршувањето на автопатот Кичево – Охрид

847

Владата на седница го утврди новиот Предлог на Закон за гаранција на Македонија на обврските по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за изградба на автопат  делница Кичево – Охрид кој ќе се склучи меѓу „Експорт – импорт“ банката на Кина и Јавното претпријатие за државни патишта, по скратена постапка.

Прес-службата соопшти дека е донесен заклучок тој да биде доставен до Собранието.

– Целта на Предлогот на Закон за гаранција е да се повлечат неопходните средства за да се заврши автопатската врска Кичево – Охрид за трајно решавање на утврдените проблеми при досегашното изведување на работите и да се обезбеди брз и сигурен сообраќај на овој значаен патен правец, се вели во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...