Новиот Закон за финансирање на политички партии синоќа со консензус меѓу власта и опозицијата беше изгласан на Собраниска седница.
Со овој закон се предвидува зголемување на сумата пари која партиите ќе ја земаат од буџетот за 2,5 пати повеќе од досегашната.
„Вкупните средства за годишно финансирање на политичките партии се во висина од 0,06 отсто од вкупните приходи на Буџетот на Република Македонија“, гласи стариот закон.
Во новиот процентот од 0,06 е зголемен на 0,15 отсто.
Така, според груби пресметки, ако од буџетот за 2018 година кој изнесуваше околу 3,4 милијарди евра, за политичките партии се одвојуваа околу 2 милиони евра, според новиот закон оваа сума ќе изнесува над 5 милиони евра.