Премиерлигашот Тотенхем на својата официјална веб-страница објави обновување на договорот со дефанзивецот Тоби Алдервирелд.
Спарс ја активираше соодветната клаузула во сегашниот договор со 29-годишниот белгиски фудбалер.
Сега договорот со Алдервирелд има важност до летото 2020 година.
Тој е во Тотенхем од 2015 година. Оваа сезона Белгиецот одигра 26 натпревари за лондонскиот тим.
ФОТО: EPA/ NICO VEREECKEN / POOL