Со напуштање на работните места и палење на градници, жени протестираа во Швајцарија

262
ФОТО: МИА

Со напуштање на работните места, улични прошетки и палење на своите градници на јавни места, илјадници жени ширум Швајцарија денеска го изразија своето незадоволство и протест поради половата нееднаквост во исплатата на платите, сексизмот и сексуалното насилство.

Од овие први протести на Швајцарките по 28 години, е побарано изедначување на платите меѓу мажите и жените, како и повисоки примања за наставниците, негувателите и домашните помошници, професии во кои главно работат жени.

Протестите започнаа синоќа на полноќ во Лозана, каде неколку илјади жени се собраа пред градската катедрала, каде на запалија оган на посебно поставени палети во кој потоа фрлаа разни предмети, како градници и кравати.

Организаторите на протестот апелираа до жените да ги напушта своите работни места во 15.34 часот, бидејќи како што објаснија, тие врз основа на платите што ги примаат треба да работат до ова време, доколку се споредат со просечните примања на мажите за цело работно време.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...