Со музика од Тоше Проески, билдерот Зафиров освои сребро на меѓународен натпревар на професионалци, кој се одржа во Словенија. За Плусинфо, вели дека тоа е нешто за кое што сонувал и живеел. Бидејќи станувало збор за престижно натпреварување, во кое учествувале натпреварувачи од целиот свет.
– Мојата сопруга Габи освои второ место во категорија фитнес бикини и трето место во категорија боди фитнес. Ова е начинот на кој ние ја претставуваме својата држава пред светот и покажуваме колку ја сакаме – нагласува Зафиров.