Со МРСА нема нови случаи, уште една дезинфекција на цела Стоматологија

97

Ги очекуваме останатите резулатати од санитарниот преглед  направен на вработените. Ново пријавени случаи нема, а во интерес на пациентите, апелираме до јавноста дека нема потреба од  било каков сонмеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги, соопштија денеска од ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон – Скопје, а во врска со настаните околу веста за откриена бактерија “Mрса“  кај еден од вработените во оваа установа.

Работниот процес се одвива непречено, во континуитет. Покрај генералното чистење и дезинфицирање од страна на нашите вработени,  во текот на денешниот ден во периодот после 14.30 часот превентивно ќе биде извршена дезинфекција на целата клиника и од страна на овластена институција – нагласуваат од овој стоматолошки клинички центар.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...