На улицата „Васко Карангелески“ во Битола, мопед „јијинг“ со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Г.(38) од Битола удрил во пешакот А.С.(29) од Битола. Б.Г. се здобил со тешка телесна повреда, а А.С. се здобила со телесна повреда и биле пренесени во Клиничката болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.