Човек од Уганда како последна желба имал да биде погребан со голема сума пари, за да го подмити Господ и да побара прошка од него за гревовите.
Чарлс Обонг бил висок службеник во администрација и со години собирал пари кои планирал со себе да ги однесе во гроб. Оваа информација ја потврдило и неговото семејство.
Чарлс долго време имал проблеми со здравјето и последните денови од животот ги поминал планирајќи што ќе му рече на Господ кога ќе се сретнат на Судниот ден.
Погребан е на северот на Уганда, но неговиот мир не траел долго со оглед на тоа што гробот наскоро бил ограбен.