Двајца измамници успеале да украдат околу 200 евра од возрасен маж на 62 години од струшкото село Лабуништа. Тие успеале да извлечат пари лажејќи дека направиле сообраќајка и дека им треба превод на српски.
Еден од измамниците го пресретнал 62-годишниот маж во близина на болницата Филип Втори и побарал да му помогне во превод на српски јазик, наводно со некој странец со кој направил сообраќајна незгода. Човекот поверувал и тргнал со него, а пред болницата се сретнале со друго лице.
– После тоа, сите заедно продолжиле да се движат, а во еден момент наводниот странец му побарал 100 евра и 6.100 денари за, наводно, да ги даде на докторот за укажаната помош по сообраќајната незгода. Тој му дал пари, а „странецот“ му дал рачен часовник како гаранција додека му донесе пари. После тоа, двете лица заминале и не се вратиле – велат од МВР, додавајќи дека работа на расветлување на случајот.