Со камион удрил во мотоциклист и побегнал

Возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

257

Триесет и тригодишен Чех е повреден откако на него налетал камион, додека возел велосипед со помошен мотор во Скопје.

Полицијата информира дека несреќата се случила на булеварот Киро Глигоров. Возачот на камионот удрил во чешкиот државјанин кој управувал мотоцикл марка „хонда роад махи“ а потоа побегнал од местото на несреќата.

Возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки повреди и бил задржан на понатамошно лекување.

Полицијата презема активности за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...