Со „кавасаки“ удрил во полицаец во скопски Хиподром

119

Полициски службеник вчера додека извршувал службени дејствија бил повреден откако во него удрил мотоцикл на железнички премин во скопската населба Хиподром.

Како што информира МВР, З.П.(45) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки вчера во 22,30 часот на железнички премин на улицата „Благоја Стефковски“ во населбата Хиподром удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Во незгодата, полицискиот службеник се здобил со повреди и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...