Со инфрацрвени термометри се проверуваат и патниците и пилотите на аеродромот во Атина

По наредба на министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, се спроведува систем за активно набљудување на сите летови од Кина за откривање на сомнителни случаи на коронавирус.

82

Мерење на температурата со инфраред термометри на патниците и членовите на екипажот од одредени летови; информирање на патниците преку постери поставени на аеродромот и информативни летоци со сите потребни информации за здравствените услуги на кинески јазик се додатните мерки за коронавирусот што Националната организација за јавно здравје на Грција ги презема на атинскиот аеродром, јави дописничката на МИА од Атина.

Од организацијата соопштуваат дека по наредба на министерот за здравство на Грција, Василис Кикиљас, се спроведува систем за активно набљудување на сите летови од Кина за откривање на сомнителни случаи на коронавирус, а паралелно се зајакнуваат мерките, меѓу кои и информирање на патниците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...